Во Валандово одбележан Светскиот ден за борба против трговија со луѓе

ООЦК Валандово денеска го одбележа 18-ти октомври, Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, преку трибина на која учествуваа ученици од основните и средното училиште, со претставници од МВР, МЦСР, психолози и педагози.

Црвен Крст Валандово секоја година го одбележува овој ден преку презентации и едукативни работилници со цел подигање на свеста кај младите и ранливи категории, од опасностите кои ги носи феноменот на трговија со луѓе.

Инаку ваквите работилници по повод Светскиот ден за борба против трговија со луѓе се одржуваат како дел од проектот „Зајакнување на националните капацитети во областа на азилот, миграциите и трговијата со луѓе“, кој е финансиран од ЕУ а е имплементиран од страна на Меѓународната организација за миграции, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password