Валандовската библиотека распиша Конкурс по повод месецот на книгата

По повод месецот на книгата (15-ти октомври – 15-ти ноември) валандовската библиотека распиша Конкурс за литературни и ликовни творби. Конкурсот е наменет за учениците од основните и средното училиште од општина Валандово, како и сите возрасни жители на оваа општина кои сакаат да го покажат својот талент.

Темите за литературни и ликовни творби ќе бидат соопштени на денот на учествувањето на Конкурсот. Сите учесници имаат право на учество со по една литературна или една ликовна творба.

Конкурсот за литературни творби ќе се одржи на 25.10.2018-та година, (четврток) во просториите на Домот на културата „25-ти мај“ – Валандово, од 11.00 до 13.00 часот, за учениците од втора смена и од 13.00 до 15.00 часот за учениците од прва смена.

Конкурсот за ликовни творби ќе се одржи на 26.10.2018-та година, (петок) во просториите на Домот на културата „25-ти мај“ – Валандово, од 11.00 до 13.00 часот, за учениците од втора смена и од 13.00 до 15.00 часот за учениците од прва смена.

Истите пропозиции важат и за возрасните кандидати. Секој учесник на Конкурсот треба да поседува потребен материјал за творештво.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.