Во СОУ „Гоце Делчев“ се одржа крводарителска акција

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово се одржа крводарителска акција, на која крв даруваа учениците кои имаат наполнето 18 години и учениците од 17 годишна возраст, со согласност од нивните родители.

Како што истакна Алекса Димов – Секретар на ООЦК Валандово, во валандовската гимназија двапати годишно се организира дарување на крв и на овие акции се остваруваат од 15 до 20 дарувања. Освен учениците крв даруваа и граѓани на Валандово.

Крводарителската акција беше спроведена од страна на екипа од трансфузиона медицина од Скопје.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.