Во гимназиската сала во Богданци се одржаа првите турнири во кошарка (машки и женски) за основни училишта, во рамки на меѓуопштинската натпреварувачка целина (Богданци, Дојран и Валандово), организирана од Федерацијата на училишен спорт на РМ (ФУСМ). Учесници се основните училишта од Богданци, Стојаково, Дојран и Валандово.
Резултатите од првиот турнир се следниве:
Машки
ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково – ООУ „Кочо Рацин“ – Дојран 20:6
ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово – ООУ „Петар Мусев“ – Богданци 21:48
ООУ „Петар Мусев“ – Богданци – ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково 44:27
Женски
ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково – ООУ „Кочо Рацин“ – Дојран 2:8
ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово – ООУ „Петар Мусев“ – Богданци 7:26
ООУ „Петар Мусев“ – Богданци – ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково 22:10
Завршните турнири ќе се одржат на 08.11.2018 година во Дојран.