Амбасадорот Тимоние на средба со ОК на ВМРО – ДПМНЕ Валандово

Денеска Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Валандово господинот Дејан Бошков, заедно со дел од раководството на партијата оствари средба со францускиот амбасадор во Република Македонија господинот Кристијан Тимоние.

На сребата беше разговарано како за локалната политичко економска состојба, така и за политичката состојба во државата.

Од страна на Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Бошков, му беа презентирани ставовите на партијата околу овие прашања, со осврт на Договорот од Преспа, кој како што нагласија е „нелегитимен, незаконит, неуставен и пред се неподржан од граѓаните на Референдумот кој беше одржан на 30ти септември годинава“. Исто така беше разговарано и за случувањата од 27ми април, кој не засегаат сите нас, но и за локалната партиска ситуација во Општина Валандово, и со тоа беше констатирано дека на народот му треба помирување, несогласувајќи се со онаа на Премиерот Заев, односно приближување на народот без да се прави јаз помеѓу членовите на ВМРО – ДПМНЕ и членовите на СДСМ.

Меѓу другото амбасадорот беше информиан и за масовната појава на иселеноста кај младите во некои од европските земји, поради тоа што моментално државата е на работ од економска криза и намалени се работните места па затоа младите егзистенцијата и преспективата ја бараат надвор.

Ставовите на ВМРО – ДПМНЕ беа потврдени во однос на членувањето на Р. Македонија во НАТО и ЕУ, односно беше напоменато дека тоа стои и во целите и задачи во Статутот на партијата.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.