Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ја посети валандовската гимназија

Францускиот амбасадор во Македонија – Кристијан Тимоние денеска беше во посета на СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово. Целта на неговата посета е групата од билингвална настава (француско-македонска) која ја посетуваат неколку ученици од гимназијата. Во тек е реализирањето на проектот „Развојот на Франкофонијата“, кој добива целосна поддршка од француската амбасада.

„Среќен сум што имам можност да видам со каков ентузијазам работи вашето училиште. Наш приоритет е да се оствари збратимување на ова училиште со француско, како и збратимување на општина Валандово со иста по големина француска општина. Со тоа за вашите ученици ќе се отворат многу можности за во иднина“ – истакна Тимоние.

Амбасадорот оствари посета и во општината. Како што истакна градоначалникот – Перо Костадинов, соработката со Република Франција ќе отвори многу нови можности и за најмладите.

Директорката на гимназијата Љубица Невеселова додаде дека можноста да се соработува со други држави отвора многу перспективи за валандовските ученици на кои им се овозможува да успеат и надвор од границите на нашата земја.

Учениците за амбасадорот подготвија музичка изведба, читање поема на француски јазик а професорот по физика Стојан Манолев одржа кратка презентација по физика на француски јазик.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password