На 27.10.2018-та година (сабота), со почеток од 19.30 часот, во спортската сала „Филип II Македонски“ – Валандово, ќе се одржи футсал натпревар помеѓу екипите на КМФ СК „Проект-Цико“ и КМФ „Кратово“.
Натпреварот е дел од 7-мото коло на Првата Футсал Лига и е можност за освојување на 3 дополнителни бодови за КМФ СК „Проект-Цико“.
Инаку, според досегашните резултати, По одиграни 6 кола од Првата Футсал лига, КМФ СК „Проект-Цико“ се наоѓа на 5-тата позиција, со освоени 9 бода. Лидер на табелата е КМФ „Шкупи 1927“, со освоени 18 бода.