На 04-ти ноември 2018-та година (недела), по повод ослободувањето на Валандово – 6-ти ноември, ќе се одржат традиционалниот планински марш на планината Плавуш, во организација на планинари Југ Валандово и велосипедската тура, во организација на ЗСК Југоисток.
Валандовската велосипедска тура се одржува четврта година по ред. Стартот на патеката е од плоштадот во Валандово и завршува на манастирот Св.„Ѓорѓи“. Патеката е со должина од 40 км и искачување од 850 м надморска височина а поминува покрај повеќе чешми со планинска вода.
Додека пак, стартот на планинарскиот марш е од пред полицијата во Валандово во 08:30 часот и пристигнување на манастирот Св.Ѓорѓи околу 13 часот, каде за сите учесници е обезбеден ручек. Патеката е лесна, долга околу 8 км. Вода има само на почетокот и крајот на патеката.
Организаторот апелираат до сите кои сакаат да учествуваат дека, секој учесник е одговорен за својата психофизичка подготвеност. Организаторот не презема одговорност за лицата кои нема да ги почитуваат упатствата на водачите или самоволно отстапуваат од патеката.