КМФ СК „Проект-Цико“ извојуваше уште една победа, овој пат на домашен терен, против КМФ Кратово. Крајниот резултат на овој натпревар од седмо коло е 8:3.
Со оваа победа, КМФ СК „Проект-Цико“ освои дополнителни 3 бода и по 7 одиграни кола успеа да се искачи на 4-тото место, со вкупно освоени 12 бода.
Следниот натпревар, оваа екипа ќе го игра со екипата на КМФ „Железарец“.