Општина Валандово се подготвува за празнувањето на 6-ти ноември – Денот на ослободувањето на Валандово. По тој повод организарани се неколку настани.
Дел од овогодинешната програма е традиционалниот планинарски и велосипедски марш, во недела на 4-ти ноември. Во вторник, на 6-ти ноември, во 9.30 часот ќе се одржи спортски ден во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово. Во 11 часот – положување свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци на НОБ во паркот „Пеонија“. Изложба на слики од 23-тата меѓународна ликовна колонија во 12 часот и во 17 часот ќе се одржи свеченото доделување на 6-то ноемвриската награда, во Домот на културата „25-ти мај“ по што ќе следува и коктел.
Дел од програмата за празникот на градот се и крводарителската акција, која ќе се одржи на 7-ми ноември во среда, во Домот на културата, од 9 до 15 часот, како и концертот на КУД „Танец“, во четврток во 20 часот, исто така во Домот на културата.
Од општината упатуваат Јавна покана до сите жители на општина Валандово да присуствуваат на активностите за одбележувањето на овој голем ден.