АД МЕПСО склучи договори со пет компании избрани на меѓународни тендери согласно со процедурите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на четири далекуводи и модернизација на осум трансформаторски станици во преносната мрежа.
Со 0.77 милиони евра ќе се модернизира и трафостаницата „Валандово“ за што е предвидено работите да траат 18 месеци.
Новата опрема во голема мерка ќе ја зголеми стабилноста и доверливоста на електропреносниот систем и ќе го подобри снабдувањето со квалитетна електрична енергија, велат од АД МЕПСО.