Презентирани можностите за финансирање на проекти по вториот повик на проектот МСИП 2

Во просториите на Дом на АРМ – Струмица претставници од Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП го презентираа отворениот Јавен повик бр.ВТОР МСИП 02/2018 финансиран од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, објавен од страна на Министерството за финансии.

Цел на состанокот беше општините да се информираат за начинот на аплицирање, условите и роковите за користење на финансиска поддршка во форма на под-заеми од страна на Министерството за финансии.

На состанокот присуствуваа претставници од десетте општини од Југоисточниот плански регион како и од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Предмет на овој Оглас е доделување на финансиска поддршка во форма на под-заеми на единиците на локална самоуправа наменета за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги и основната инфраструктура со цел да се подобри транспарентноста, финансиската одржливост и реализација на таргетираните општински услуги во општините-учеснички.

Средствата наменети за оваа цел во Компонента А “Општински инвестиции” се во износ од 8 милиони евра.

Во рамки на оваа финансиска поддршка предвидено е доделување на под-заеми за општините наменети за финансирање на инвестиции во областа на водовод и канализација, патна инфраструктура и други инвестиции кои имаат потенцијал за генерирање приходи, односно остварување заштеди во комуналните услуги или во други области кои се од висок приоритет за општините-учеснички.

Повикот ќе трае до 15 ноември 2018 година.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password