Вакцини за сезонски грип нема. Ќе се вакцинираат само лицата кои ги исполнуваат условите за бесплатна вакцина.

Само еден ден од почетокот на имунизацијата против сезонски грип секнаа комерцијалните вакцини.

Бројката на предвидени и добиени 500 вакцини за подрачјето на Струмица и Валандово кои се под ингеренции на струмицчкиот центар за јавно здравје се потрошени во рекордно краток период, а вакцинацијата ќе продолжи само кај лицата кои ги исполнуваат условите за бесплатна вакцина, т.е. 1700 вакцини набавени преку Министерството за здравство.

За да се излезе во пресрет на сите граѓани кои сакаат, а немале можност да се вакцинираат од центарот велат дека прават напори да се набават дополнителни дози, но засега не може да кажат колку ќе успеат во тоа.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.