Во Валандово се одржа крводарителска акција по повод 6-ти ноември

Денес во просториите на Домот на културата „25-ти мај“ – Валандово, се одржа крводарителска акција, по повод денот на ослободувањето на Валандово – 6-ти ноември.

На акцијата беа донирани вкупно 30 крвни единици, од страна на хуманите жители на оваа општина.

Според Алекса Димов – Секретар на ООЦК Валандово, до крајот на оваа година можно е да се реализира  уште една крводарителска акција, во зависност од Годишниот Оперативен план за дарување крв на Црвен Крст на Р.Македонија, според кој, годишно треба да бидат донирани 360 единици крв.

Според тоа, годишно во Валандово се организираат околу 11 крводарителски акции.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password