Во средата, советникот за земјоделско-ветеринарната струка од Центарот за стручно образование и обука г-дин Бранко Алексовски беше на работна посета во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово.
Советникот имаше средба со наставниците по стручните предмети при што беше запознаен со начинот на реализацијата на наставата и тешкотиите со кои се среќаваат тие.
На средбата, наставниците беа информирани за претстојните реформи во средното стручно образование кои се очекува да стартуваат од идната учебна година.