Во закажаниот термин (11.11.2018-та година, недела) екипата на КМФ „Гемиџии“ не се појави во спортската сала во Валандово, по што екипата на КМФ „Проект-Цико“ го доби овој натпревар со службен резултат.
Натпреварот инаку беше од дел од деветтото коло од Првата футсал лига. Според моменталните резултати на табелата, КМФ СК „Проект-Цико“ се наоѓа на 4-тото место, со вкупно освоени 15 бода.
Нареден натпревар играат на домашен терен против екипата на КМФ „Шкендија“.