На 16-ти ноември (петок) со почеток од 20:30 часот, во спортската сала „Филип Втори“ – Валандово, ќе се одигра натпреварот помеѓу екипите на КМФ СК „Проект-Цико“ и КМФ „Шкендија“.
Натпреварот е дел од десеттото коло на Првата Футсал Лига на Македонија.
Според досегашните резултати од табелата, КМФ СК „Проект-Цико“ по добиениот службен натпревар со екипата на КМФ „Гемиџии“, кои не се појавија на закажаниот натпревар, се наоѓа на 4-тото место, со вкупно освоени 15 бода.