Денес во просториите на Дoмот на култура „25-ти мај“ – Валандово беа доделени наградите на учесниците на ликовниот и литературниот конкурс, по повод Октомври – месецот на книгата. Добитниците од конкурсот учествуваа со ликовни дела, проза или поезија. Доделени беа и награди за најчитатели во 2018-та година, како и благодарници за донатори на книги во градската библиотека.
Добитници на ликовниот конкурс од I до V одделение се: Јована Спасова, Кајра Ибраимов и Изабела Јованова, додека пак од VI до IX одделение: Марија Петрушева, Живко Кнежевиќ и Бојан Иванов.
Добитници на литературниот конкурс, во проза, од I до V одделение се: Ружица Каракамчева, Елена Страторска и Милена Чилевска. Од VI до IX: Јована Готиќ, Ивана Гугуљанова и Верица Марковска. Добитници на поезија, од I до V одделение се: Ѓорѓи Митков, Ванеса Пенова и Ивана Бачева. Од VI до IX: Ели Кнежевиќ, Златко Божинов и Милена Тодорова.
Наградени беа и возрасни учесници на конкурсот и тоа, проза: Магдалена Јованова и поезија: Елизабета Чилевска-Пандева, Дијана Тасева и Ангела Симиќ.
За најчитатели беа прогласени: Ивана Савова, Теодора Димова и Петар Пандев додека пак, за донатори на книги: Велика Грошева, Костадин Илиев и Олга Јеловац и добија бесплатно членство во библиотеката за 2019-та година.
На настанот настапија и членовите на танцовиот клуб „Ритам Плус“ – Валандово, Патриција Петкова испеа неколку песни и на крај следуваше мал коктел.