Одржани првите општински буџетски сесии во општина Валандово

Синоќа во населените места Дедели, Собри и Удово се одржаа првите Буџетски сесии по месните заедници. Буџетските форуми имаат за цел да го зголемат учеството на жителите на општина Валандово во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината, како и зголемување на нејзината транспарентност. Тие се дел од проектот “Зајакнување на општинските совети” и служат како демократска алатка за реализирање на мислењата и предлозите на граѓаните.

Вчера во просториите на СОУ „Гоце Делчев” – Валандово, беше реализиран првиот од предвидените четири граѓански форуми за избор на приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија.

За овие проекти предвиден е фонд од 50.000 швајцарски франци, кои би биле потрошени за идејата која ќе добие најголема поддршка на форумите. Проектот е имплементиран од УНДП а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Денес буџетски форуми ќе има во: Балинци од 17 часот во месната заедница, Брајковци од 18 часот во месната заедница и Јосифово од 19.30 часот во ООУ „Страшо Пинџур“.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password