Промовирана стихозбирката „Распетие“ на авторот Ѓорѓи П.Панов

Синоќа во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово беше промовирана првата книга поезија на познатиот македонски афористичар Ѓорѓи П.Панов од Струмица.

Панов е инаку автор на пет книги со афоризми и со неговото творештво придонесува кон популаризирање на  афоризмот кај нас и во светот.

Неговата прва стихозбирка содржи 15 родољубиви и 10 песни со љубовна лирика. Мотивот на неговите родољубиви песни лежи во се она што моментално се случува во неговата татковина а мотивот за љубовните пак, е восхитот кон жената.

Две од неговите збирки афоризми се преведени и на англиски јазик.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password