Во Валандово ќе се одржи втората сесија од Проектниот Форум

Во вторник, 27.11.2018-та година ќе се одржи втората сесија од Проектниот Форум, во 12:30 часот, во холот на СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово. На сесијата граѓаните ќе имаат можност да ги проследат концепт-проектите кои настанаа врз основа на нивните предлози од првата форумска сесија.

Ќе бидат презентирани 7 концепт-проекти, за кои ќе се дискутира во рамките на Форумот, кој ќе одлучи кој од овие проекти ќе бидат преточени во предлог-проекти за следната сесија.

Целта на Форумот е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“ чија втора компонента е зајакнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините , избрани преку јавни консултации.

Проектот е во соработка со општина Валандово и УНДП а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Грантот изнесува 50.000 швајцарски франци.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.