Синоќа со почеток од 18:00 часот, во малата сала при Домот на култура „25 Мај“ – Валандово беше одржан последниот од низата Буџетски форуми кои беа организирани по населените места во општина Валандово.
Во декември следува јавна презентација и расправа за Предлог Буџетот на општина Валандово за 2019-та година.
Со сесиите на Буџетскиот Форум беа опфатени: Дедели, Собри, Удово, Балинци, Брајковци, Јосифово, Грчиште, Калково, Пирава, Раброво, Чалакли и Марвинци. Жителите на општина Валандово имаа можност да го зголемат нивното учество во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината, како и зголемување на нејзината транспарентност.