Пораз за екипата на КМФ СК „Проект-Цико“ по синоќешниот натпревар со екипата на КМФ „Велес“, кој се одржа во спортската сала „Гемиџии“ – Велес.
Натпреварот беше дел од 13-тото коло на Првата Футсал Лига на Македонија. “Проект-Цико“ и натаму остануваат на 5-тото место на табелата, со освоени 18 поени.
Синоќешниот натпревар беше исполнет со многу голови и голема борба за победа, но крајниот резултат од 11:9 му донесе пораз со многу мала разлика на „Проект-Цико“. Стрелци беа: Ристовски (3), Ристенски (2), Маринковиќ (2), Костадинов (1), Попов (1).
Следниот натпревар од 14-то коло КМФ СК „Проект-Цико“ ќе го одигра со КМФ „Јувентус Серава“ – Чаир, Скопје.