Одржан работен состанок за брза имплементација и реализација на два проекти во општина Валандово

Денес (10.12.2018 г., понеделник) градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов во просториите на општина Валандово одржа работен состанок со претставници на развојната KFW банка на Сојузна Република Германија, претставници на министерството за земјоделие и претставници на ЕИП.

На работниот состанок се разговараше за потребата од брзо имплементирање на втората фаза од проектот „Јужновардарска долина“, како и за потребата за реализирање на трета фаза од проектот која би го опфатила земјоделското земјиште во атарот на Валандово, Раброво, Собри и Чалакли.

Третата фаза на проектот би се реализирала веднаш по завршувањето на втората, чија реализација започнува од почетокот на наредната година. Проектот се финансира со средства на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка „KFW“, и со средства од Владата на Република Македонија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.