Повторно исчистена депонијата на патот Струмица-Валандово

Работната единица од одделението „Комунална хигиена“ од ЈКПД „Комуналец“ – Струмица, минатата недела спроведе акција чистење. Подигнати се големи количини на градежен шут, електрични апарати, зелен отпад и друго, од дивата депонија на патот кон Општина Валандово, после населеното место Костурино.

Од Одделението истакнуваат дека на депонијата  несовесните граѓани најчесто во ноќните часови непречено депонираат шут и друг вид на отпад. Реакцијата на граѓаните за еколошки загадената околина се реализираше и депонијата сега повторно е исчистена.

За несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица најавуваат казнени санкции.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.