За нов ВД директор на Здравен дом „Валандово“ е назначен Роберт Марков.
Роберт Марков е дипломиран економист, а на јавноста и е познат по својот активизам против отворањето на рудникот во Казандол и како еден од најистакнатите членови на „СОС Валандово“.
На функцијата доаѓа на местото на досегашниот директор д-р Бранислав Кнежевиќ, специјалист по интерна медицина.