Јавен повик за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Повикот се однесува за неатрактивно земјиште, односно од пониска класа и на поголеми надморски височини.

Предмет на постапката од Дел 1 Став 1 на овој Јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Повикот важи за земјоделско земјиште во државна сопственост во повеќе катастерски општини, во повеќе региони, меѓу кои и општина Валандово.

Целта на овој повик е да се стави во функција секоја педа земја што може да овозможи добро производство. Со воведување на оваа олеснителна процедура им се овозможуваж на сите заинтересирани со нивен пројавен интерес да добијат државно земјоделско земјиште и на тој начин директно да се зголеми површината на обработено земјоделско земјиште.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;
– подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години;
– подигање на маслинарници за период до 50 години;
– одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години;
– ливади за период до 15 години;
– за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години;
– рибници до 20 години и
– спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавата во дневните весници, односно од 12.12.2018 година.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password