СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово носител на Еразмус+ Проект

СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово е носител на Еразмус+ Проект „Исти сме иако на различен начин учиме“ на тема Аутизам, финансиран од ЕУ.

Партнери во реализирање на проектните активности се училишта од Бугарија, Романија, Полска и Литванија. Сите проектни активности ќе се реализираат во 2018/19-та и 2019/20-та учебна година.

Првата средба беше реализирана во Сандански – Бугарија во периодот од 10-13-ти декември 2018-та година. Претставници од валандовската гимназија го презентираа проектот и неговите цели на сите проект партнери, се прецизираа задачите и критериумите за учество.

На истата средба беа и потпишани договорите за соработка.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.