ОО на „Црвен Крст“ – Валандово организира Крводарителска акција

Утре, 19.12.2018-та година (среда), во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово ќе се одржи крводарителска акција, во организација на ОО на „Црвен Крст“ – Валандово.

Крв можат да даруваат сите крводарители и хумани жители на општина Валандово, во периодот од 9 до 14 часот.

Оваа акција е последна за оваа 2018-та година. Според Оперативниот план за дарување крв на Црвен Крст на Р.Македонија, во Валандово годишно се организираат околу 11 акции.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password