Претседателот Иванов годинава помилува 16 осуденици пред Нова година

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, помилува 16 осуденици за Нова Година. Во одлуката, објавена во „Службен весник“ стои дека делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор 16 лица, во различно времетраење од 2 до 6 месеци.

Помилувани осуденици има од повеќе општини во земјава, меѓу кои и од општина Валандово. Во одлуката која е објавена во „Службен весник“ нема целосно ослободување на осудените лица.

Помилувањето на осудени лица во пресрет на новогодишните празници е редовна практика на Претседателот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.