Кај дивите свињи во Македонија утврдена трихинелоза – информираат од АХВ

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство – Зоран Атанасов, информираше дека утврдено е присуство на трихинелоза кај дивите свињи во земјава и тоа во: Валандово, Ново Село (Струмица), Радовиш, Битола и Кривопаланечко.

Според него, во двете ловни сезони 2017/2018 и 2018/2019, лабораториски се испитани 594 примероци од диви свињи, од кои 13 се позитивни. Ова е паразитарно заболување, кое може да се пренесе од животните на луѓето. Причините за неговата појава се конзумирање на сурово или недоволно термички обработено месо или месни производи од домашни свињи, дивеч, коњи, мечки – заразени од ларвите на „трихинелоза“.

Тие апелираат до одгледувачите на свињи за домашна употреба, да ги колат грлата во одобрени кланици, каде ќе се изврши преглед на месото. Доколку не се врши во одобрен објект, да се земе примерок од месото и да се достави до најблиската овластена лабораторија.

Од АХВ предупредуваат дека ова заболување е многу продорно кај животните и дека заразеното месо може да има неколку стотици ларви на грам во мускулите. Исто така, неговото пренесување може да продолжи и по угинувањето, зашто ларвите се способни да преживеат и во труповите подолго време.

Последен пат во Македонија трихинелозата е утврдена во 2008-та година а не е детектирана ниту во претходните ловни сезони од 2013-та до 2017-та година.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.