Во сообраќајна несреќа во Бугарија тешко повреден е момче од Валандово

Дваесет и шестгодишниот М.Б. од Валандово е повреден во сообраќајка што се случила ноќеска во 1:30 по полноќ, на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна, јави БГНЕС. Во сообраќајката е повреден и 46-годишен ерменски државјанин.

Двајцата се повредени во директен судар меѓу џип „ауди“, со ерменска регистрација и камион „мерцедес“, со македонски регистарски таблички. Тие со возило на брза помош биле пренесени во болницата во Сандански.

Бидев има повреди на колкот, а ерменскиот државјанин на главата и колкот.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.