ЛК СДММ Валандово одржа младинска трибина на која беше остварена и средба со општински и државни функционери.
Свое излагање имаа градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, пратеничката и претседател на ОО СДСМ Валандово, Мери Лазарова, и секретарот на социјалдемократската младина на Македонија, Виктор Велевски.
На трибината беше разговарано за придобивките и проблемите со кои се соочуваат младите и можните решенија за истите.
Покрај членовите на ЛК СДММ од Валандово присуствуваа и гости од СДММ како и членови од ЛК СДММ Радовиш и Гевгелија.