Денес во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, беа доделени наградите за литературниот и ликовниот конкурс по повод Меѓународниот ден на жената – 8-ми март. Право на учество имаа децата од детската градинка „Калинка“, учениците, средношколците и возрасни жители на општина Валандово.
Наградени се следните ученици:
Поезија од прво до петто одделение: прво место – Павлинка Крстиќ Валандово, второ место – Стефани Гелова Јосифово и трето место – Мелани Никовска Јосифово.
Проза од прво до петто одделение: прво место – Јована Спасова Валандово, второ место – Ивана Бачева Валандово и трето место – Стефанија Камчева Валандово.
Поезија од шесто до деветто одделение: прво место – Ели Кнежевиќ Јосифово, второ место – Александра Бачева Валандово и трето место – Милена Тодорова Валандово.
Проза од шесто до деветто одделение: прво место – Зорица Проданова Јосифово, второ место – Ева Кнежевиќ Јосифово и трето место – Марија Костадинова – Јосифово.
Наградени ученици за ликовни цртежи од прво до петто одделение: прво место – Марија Попова Валандово, второ место – Теодора Мицева Валандово и трето место – Тамара Пенова Балинци.
Ликовни цртежи од шесто до деветто одделение: прво место – Никола Ташевски Јосифово, второ место – Лили Митрова Валандово и трето место – Марина Јовановиќ – Валандово.
Наградените ученици добија пригодни награди.