Продадени заедничките изработки на волонтерите од „Црвен крст“ и корисниците на Дневен центар Валандово

Децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, со заедничка соработка со волонтерите на ОО „Црвен Крст“ – Валандово, изработија заеднички украси – вазни, по повод Меѓународниот ден на жената 8ми март, кои вчера сите беа продадени на градскиот пазар во Валандово.

Собраните средства од продажбата на овие украси ќе бидат искористени за потребите на корисниците од Дневниот Центар.

Вакви слични изработки во соработка со волонтерите ќе има и во иднина – велат од Дневниот центар.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.