Ученици од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, кои беа дел од математичкиот хепенинг „Ден на бројот Пи“ кој се одржа во Богданци, го освоија 3-тото и 4-тото место и добија пофалници.
Овој настан го организираше ООУ „Петар Мусев“ и СОУ „Богданци“ од Богданци, а се одржа во рамки на стручно-апликативниот проект „Популаризација на математиката“ од Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Учествуваа вкупно 85 ученици од повеќе училишта од регионот, поделени во 17 екипи.