Одржана еко акција во населеното место Балинци

Денес во населеното место Балинци беше одржана еко акција, во организација на општина Валандово, во соработка со ЈП „Комунален сервис“.

Во акцијата се уредуваше просторот околу културниот дом, се собираше отпад и се засадуваа нови дрвца.

Целта на ваквите еко акции е подобрување на еко условите за живот, разубавување на јавните површини, како и подигање на свеста кај граѓаните, преку активизам, за потребата од чиста и здрава животна средина.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.