Синоќа свечено беше отворен новиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, на кој присуствуваше и лидерот на партијата – Христијан Мицкоски.
Освен него присуствуваа и членови, симпатизери и поддржувачи на партијата
„Време е да се стави крај на оваа неправда која трае веќе две години. Да ја вратиме Македонија на вистинската патека, патеката на достоинството и победите, на правдата и честитоста“ порача Мицкоски од Валандово.