Денес, на градскиот плоштад во Валандово, најмладите од детската градинка „Калинка“, маскирани во различни креативни индивидуални и групни маски, го одбележаа 1-ви април – Светскиот ден на шегата.
Настанот беше пропратен со многу песни, насмевки и радосни дечиња, кои под сопствените маски продефилираа до градскиот плоштад, пред насобраните граѓани.