Момчето со мандолина, Јанко Узунов, несудениот прв Македонец на Евровизија

Валандово / 04:34

Во пресрет на овогодинешното издание на „Фолк Фест Валандово“, а и „Евросонг“, неизбежно ќе се сетиме на легендата на македонската музика Јанко Узунов. Валандовчани ќе го сетат по големиот хит отпеан токму на валандовскиот фестивал, „Валандово убавино“. Но, Македонија го памети како „момчето на мандолина“, по истоимениот космички евергрин, кој заедно со Цветанка Ласкова го испеаја на фестивалот „Опатија“ во далечната 1976-та година.

Како што раскажуваше и самиот Јанко Узунов, а можеби малкумина знаат, „Момчето на мандолина“ била песната која во 76-та требало да ја претставува Југославија на Изборот за песна на Евровизија, песна која се до вечерното гласање предничела со најмногу гласови, а од публиката веќе била издвоена како победник.

Доколку не се случило тоа што се сличило со вечерното гласање на сите ТВ центри од Југославија, кога, на изненадување на сите, за победник е избрана друга песна, валандовчанецот Јанко Узунов ќе беше и првиот Македонец на Евровизија.

Но, песната остана запаметена и денес важи за еден од најголемите евергрини на македонската музика. Компонирана од Славе Трифунов, по текст на Ѓоко Георгиев, „Момчето на мандолина“ ја обележа кариерата на Јанко Узунов, наслов кој подоцна и гордо го носеше како свој прекар.

Валандово многу му должи на великанот, но засега, единственото одличје кое му го дадовме е пасивно да го носи името на фестивалската сала при Домот на културата „25-ти Мај“.

С.К.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password