Викендов во Валандово се одржа еко-акција за чистење и разубавување на градот, со Ирена Ристиќ и активистите од граѓанското здружение „Не биди ѓубре“.
Во граѓанската еко-акција беше вклучен и првиот човек на општината – Перо Костадинов, заедно со граѓани од општината, пратеничката Мери Лазарова и директорот на ЈП „Комунален сервис“ – Валандово, Владимир Павлов.
Се чистеше на неколку локации во градот на кои имаше најмногу смет, односно на „Сува Река“ над Визба Валандово. Целта на акцијата, како што претходно истакна Костадинов, е заеднички да се даде придонес за почиста животна средина и животни навики.
Ваква еко-акција викендов имаше и во Дојран, на која учествуваше и градоначалникот Ангов.