На 23. Македонска олимпијада по информатика која се одржа паралелно со International Balkan University Olympiad (IBUO), Мартин Динев ученик во СОУ „Никола Карев“ од Струмица, а по потекло од Пирава, освои златен медал со најдобар резултат на македонската Олимпијада и, златен медал и втор резултат на IBUO.
На натпреварувањата учениците можеа да ги проверат своите знаења меѓусебно, а и во споредба со свои врсници од други земји како Турција, Бугарија, Србија и Белгија.
Олимпијадата се одвиваше во два натпреварувачки дена 11-12.04.2019.