Штандот на СОУ „Гоце Делчев“ во групата на училишта рангирани на второ место на МАССУМ

Учениците од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, на 12-ти и 13-ти април 2019-та година, учествуваа на 13-тото образовно рандеву на МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија) кое се одржа во ОСУ „Мирко Милевски“ – Кичево.

На него учествуваа ученици од 46 средни стручни училишта кои се натпреваруваа во 17 категории. Учениците од „Гоце Делчев“ учествуваа во неколку категории: училишен штанд, интервју за работа, соло пеење, спортски дисциплини и др. Штандот беше во групата на училишта кои беа рангирани на второто место.

Инаку МАССУМ, официјално постои од 2006-та година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.