Маја Велкова од Јосифово прво место на регионалниот натпревар по математика

Ученичката од V-то одделение – Маја Велкова од ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, по освоеното прво место на општинскиот натпревар по математика, го освои и првото место на регионалниот натпревар за учениците од основно образование, под менторство на наставничката Аница Костадинова.

Натпреварот се одржа на 13.04.2019-та година а освен Велкова, од ООУ „Страшо Пинџур“ учествуваа и: Симона Георгиева IV одделение, ментор Стојка Булатовиќ, Валентина Тасевска (пофалница) и Антонио Мишков IV одделение, ментор Љубица Стоева, Јована Атанасова VI одделение, ментор Деан Тушевски, Кристијан Коцев (пофалница) и Бојан Иванов VII одделение, ментор Андромахе Милошевска.

Александар Кнежевиќ и Пепита Филова од VIII одделение го освоија третото место, под менторство на Андромахе Милошевска.

Ева Кнежевиќ од IX одделение го освои второто место под менторство на Андромахе Милошевска, а учествуваше и Христијан Бојков од IX одделение.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.