Дека крушата под круша паѓа е сведок и новата обработка на евергринот на Џокси, „На Велигден сум се заљубил“ од страна на Теодора Јовиќ.
Талентираната 11-годишна Теодора е ќерка на еден од најпознатите македонски пеачи Ѓоко Јовиќ, кој влече потекло од валандовско.
Песната, како што напиша Ѓоко на својот Фејсбук профил, е Велигденска честитка од неговото семејство до сите кои го славеа празникот.