Актуелниот Претседател Иванов е роден во Валандово на 2-ри мај 1960-та година. Тој во моментов ги служи своите последни денови од вториот претседателски мандат.
Иванов време на студиите започнал со политички активизам во либералните, реформски младински организации – отворајќи прогресивни теми во списанијата Млад борец, Студентски збор и Младински форум. Дипломирал на Правниот факултет во 1982 година. На 27-годишна возраст трајно се преселил во главниот град.
За Претседател на Р. Македонија е избран на претседателските избори во 2009-та, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12-ти мај 2009-та, а за втор мандат бил избран во 2014-та година.
Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.