Општинската организација на „Црвен крст“ – Валандово и Клубот на млади при ООЦК Валандово е домаќин и организатор на тридневен камп на млади на кој учествуваат волонтери од Општинските организации на: „Црвен Крст“ – Струмица, Неготино, Пробиштип, Свети Николе и Кичево.
Темата на годинешниот камп е „Трговија со луѓе“ , а волонтерите ќе бидат ангажирани и за укажување на прва помош на Фестивалот „Хид Бах Шен Фест“ – Чалакли.