Во Домот на култура „Бранд Петрушев“ – Богданци беше поставена изложбата „Богданци и Валандово низ леќата на младите фотографи“.
На изложбата беа изложени фотографии на 14 млади фотографи од југоисточна Македонија работени од октомври 2018-та до април 2019-та, под стручно водство на Македонскиот центар за фотографија.
На настанот му претходеше и обука за младите фотографи во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово од страна на Роберт Јанкуловски – македонски фотограф и основач на Македонскиот центар за фотографија, кој, меѓу другото е одликуван и со орден Витез од Редот на уметностите и книжевностите од францускиот амбасадор во Македонија и изложба во Домот на култура ” 25ти мај” – Валандово.
Претходно и во Домот на култура во Валандово беше поставена оваа изложба.