Пратеничката Мери Лазарова, од редовите на СДСМ, денес ги претстави новите реформи кои ги воведува Владата во аграрната политика што ќе придонесат за развој на земјоделството и подобра грижа за земјоделците.
„Со измените на Законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште“ рече Лазарова во изјавата за медиуми.
Отсега, младите до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина во период од 3 години, а ќе се овозможи и изградба на угостителски објекти на земјоделско земјиште за промоција на земјоделските производи.
Со ова се очекува зголемување на искористеноста на ИПАРД фондовите со што позитивно се влијае на развојот на руралните средини преку рурален туризам.
Дополнителни олеснувања кои доаѓаат со измените на Законот, им се овозможува и на земјоделските стопанства кои веќе имаат закупено земјиште од државата да аплицираат за нови површини, до окрупнување на истите до 10 хектари.