На овогодинешното издание на „Фолк Фест Валандово“ кое се одржа синоќа во салата „Јанко Узунов“ во Валандово, се случи несекојдневна ситуација.
Три композиции кои беа отпеани во натпреварувачката програма добија ист број на гласови и се најдоа на третата позиција, делејќи ја третата награда.
Тоа се песните „Седма зима“ на Елена Андоновска, „Добредојде таго“ на Благоја Грујовски и „Моја Мирјана“ во изведба на Јовица Мицевски, сите со по 76 поени од публиката и жирито. Изведувачите и авторските тимови ќе мора меѓусебно да ја поделат награтада од 750 евра.
Како што изјави водителскиот пар, наградата ќе ја добијат откако ќе бидат изработени уште две дополнителни плакети за трета награда.